Демократски сојуз: Комисијата да не преговара за историски прашања поврзани со Охридската Архиепископија

Макфакс

28/11/2022

12:28

698

Големина на фонт

а а а

Демократскиот сојуз смета дека Мешовитата Македонско-Бугарска Комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.

„Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на Македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство.

Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел),да биде разрешена и изберат во истата историчари, резистентни на политичко влијание“, велат од Демократскиот сојуз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг