Милвоки ја продолжи лошата серија на Далас, Филаделфија убедлива и без најголемите ѕвезди

Дерби

28/11/2022

11:26

6.100

Големина на фонт

а а а

Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки до победа над Далас и Лука Дончиќ, продолжувајќи ја лошата серија на Маверикс во НБА лигата.

Грчкиот кошаркар уфрлил 30 поени за победа на Бакс и задржување на одличната позиција на табелата, додека Дончиќ го завршил четвртиот пораз во серија со 27 поени.

Филаделфија славеше со убедливи 133:103 на гостувањето кај Орландо, иако на оваа средба не настапија Ембид и Харден. Предводници на гостинскиот тим биле Милтон со 29 и Херис со 25 поени.

Мајами ја изненади Аталанта со победа на гостински терен во која Адебајо постигнал 32 поени, додека Браун со 36 поени го предводел лидерот Бостон до уште една победа, овојпат над Вашингтон со резултат 130:121.

Л.A Клиперс – Индијана 114:100

Атланта – Мајами 98:106

Бостон – Вашингтон 130:121

Детроит – Кливленд 94:102

Њујорк – Мемфис 123:127

Орландо – Филаделфија 103:133

Милвоки – Далас 124:115

Минесота – Голден Стејт 114:137

Бруклин – Портланд 111:97



Спонзорирани линкови

Маркетинг