Кличко одговори на критиките на Зеленски: „Не сакам да се вовлечам во политички битки, нема смисла“

Точка

28/11/2022

08:00

2.413

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Киев вчера му порача на украинскиот претседател дека нема смисла да се расправаат. Тоа беше неговиот одговор на критиките на Зеленски дека не е направено доволно за да им се олесни на луѓето со греење и со струја.

Градоначалникот на Киев, поранешен професионален боксер Виталиј Кличко, вчера му порача на украинскиот претседател дека нема смисла да се расправаат, со што одговорил на критиките дека не е направено доволно за да им се олесни на жителите соочени со недостиг на струја и греење.

„Воспоставени се 430 грејни центри кои му помагаат на населението да се носи со последиците од руските напади на електраните“, рекол градоначалникот.

Објавил дека се планира уште стотина такви центри во случај на екстремни услови.


Претседателот Володимир Зеленски минатата седмица изјавил дека пристигнуваат многу жалби од Киев за мерките кои се спроведуваат.

„Не сакам да се вовлекувам во политички битки, посебно не во сегашната ситуација. Тоа е бесмислено. Морам да работам во градот“, изјавил Кличко.

Оценил дека советниците на претседателот се впуштиле во манипулација и дека тоа не е убави ни за Украинците, ни за странските партнери.


„Денес, кога мора да бидеме единствени и да работиме заедно, се водат некој вид на политички игри“, рекол тој.

Зеленски минатата недела поттикнал отворање на центри ширум Украина, засолништа во кои жителите ќе можат да се загреат, да имаат на располагање вода, интернет, мобилни врски и лекови сосема бесплатно.

Во ноќното обраќање во петокот Зеленски изјавил дека градоначалникот на Киев не направил доволно да им ја олесни ситуацијата на граѓаните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг