Тешко повреден велосипедист по удар од автомобил на патот Скопје-Тетово

Макфакс

27/11/2022

12:28

1.433

Големина на фонт

а а а

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко моторно возило “хјундаи“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(66) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.Б.(48) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг