Ковачевски: На изборите во 2024 година ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз

Макфакс

26/11/2022

16:30

2.265

Големина на фонт

а а а

Изборите ќе бидат во 2024 година, прво ќе имаме претседателски а потоа и парламентарни избори, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

На тие избори, според него, ќе се случи истото што се случи во Маврово Ростуше, кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за огромна предност на нивната партија и на крај катастрофално ги изгубија изборите.

„Тоа е резултат на политиките кои оваа Влада ги води а тоа се политики за европска интеграција на државата, со многу јасен план за справување со економската и енергетската криза“, рече Ковачевски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не покажа никаков резултат на локално ниво, катастрофално управува со општините кои се заглавени.

„ВМРО -ДПМНЕ можеше да покаже што може да направи бидејќи освои над 50 општини пред само 1 година и гледаме дека катастрофално управува со тие општини. Како што 11 години ја упропастија државата да не мрдне еден милиметар во европските интеграции, да немаме ниту една инвестиција голема во енергетскиот сектор. Истото тоа го потврдуваат сега, дека се потполно иста партија, со потполно ист начин на управување во градот Скопје. Гледаме 11 години како што беше земјава заглавена под власта на ВМРО – ДПМНЕ, така сега Скопје цела една година е заглавено под власта на ВМРО – ДПМНЕ“, потенцира Ковачевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг