(Видео) Одрон во Италија затрупа згради и автомобили, 13 луѓе се исчезнати

Макфакс

26/11/2022

14:11

2.390

Големина на фонт

а а а

Неколку лица се водат за исчезнати на италијанскиот остров Искија, по лизгање на земјиштето предизвикано од силен дожд. Затрупани се некои згради и автомобили рано утринава, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на локалната полиција.

Италијанската противпожарна бригада на Твитер објави дека „во тек е потрага по исчезнати лица“ во градот Казамичоли.

Одронот повлече еден автомобил во морето, а двајца патници се спасени, додаваат пожарникарите.

Италијанските медиуми јавија дека се трага по вкупно 13 лица, а властите ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг