Редовното консумирање сирење ги намалува проблемите со срцето, високиот крвен притисок и дијабетес.
Љубителите на сирење имаат 38 отсто помалку шанси да патат од срцеви инсуфициенции за разлика од оние кои го избегнуваат.
Кај нив високиот притисок е за третина помал, додека пак ризикот од дијабетес тип 2 е и повеќе од преполовен.
Експертите велат дека иако маста во сирењето може да биде лоша за нас, калциумот во него може да ја намали неговата апсорпција и да помогне во контролата на холестеролот.
Млечните протеини како што е казеин, можат да го намалат штетното влијание на артериите.
Експерти од Медицинскиот факултет во Пекинг во Кина проучувале податоци од 450.000 возрасни Британци. Тие откриле дека ризикот од срцеви заболувања е 35 отсто помал кај луѓето кои редовно јадат сирење, во споредба со оние кои тоа не го прават.
Професорот Јуе Јин Јанг изјавил:
„Спротивно oд вообичаеното верување, внесувањето сирење во организмот всушност може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, коронарни болести на срцето, хипертензија и мозочен удар“.
Како полномасен млечен производ, сирењето може интуитивно да биде поврзано со висок ризик од срцеви заболувања поради високата содржина на заситени масни киселини и негово влијание на холестерол во крвта. Меѓутоа, неодамнешна студија покажала дека тоа воопшто не е вистина.
Британската фондација за срце исто така вели дека е мит дека луѓето со срцеви проблеми треба целосно да го избегнуваат сирењето, но предупредуваат на негово претерано консумирање.