(Фото) Група активисти против климатските промени легнаа на аеродромската писта во Берлин

Макфакс

24/11/2022

20:04

1.744

Големина на фонт

а а а

Берлинскиот аеродром Бранденбург денеска објави дека ги затворил своите писти откако неколку луѓе без дозвола влегле на нив.

Групата „Последна генерација“, која се противи на климатските промени, објави дека нејзините активисти се „залепиле“ на земја.

Активистите ја повикаа јавноста да престане да користи авиони за патување и владата да престане да го субвенционира овој начин на превоз.

Берлинската полиција соопшти дека овие лица влегле во делот од аеродромот кој е затворен за јавноста и дека некои од нив „се залепиле“ за подот.

Портпаролот на аеродромот рече дека полицијата ги привела активистите, но дека пистите се затворени за да се провери дали на нив се уште има луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг