Песков: Русија не напаѓа цивилни објекти во Украина

Макфакс

24/11/2022

14:08

1.398

Големина на фонт

а а а

Русија не извршила и не врши напади врз цивилни објекти за време на специјалната воена операција во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, немало и нема напади на цивилни објекти во Украина, туку само на цели кои директно или индиректно се поврзани со воените капацитети.

Песков, на прес-конференцијата истакна дека руската специјална воена операција имала свои задачи, кои биле извршени, пренесе ТАСС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг