Побарал да му се заколне дека никогаш нема да каже каде го погребала: И по 30 години таа ја чува тајната на славниот пејач

Точка

23/11/2022

11:30

15.468

Големина на фонт

а а а

Пред 31 година почина славниот Фреди Меркјури, еден ден откако обелодени во јавноста дека боледува од ХИВ.

Беше мрачен ноемвриски ден кога светот го преплави веста дека починал британскиот пејач, текстописец и член на рок групата „Queen“. Ден пред смртта, Фреди призна во јавноста дека е заразен со ХИВ.

Но, најголемата тајна сепак ѝ ја доверил на Мери Остин.


Мери била негова љубов од младите денови. Покрај сите мажи со кои спиел, неа никогаш не престанал да ја сака. Таа му била вереница сè додека не собрал сили и прво на неа ѝ признал дека е геј.

Мери останала покрај Фреди и ги чувала сите негови тајни, па и онаа најголемата. Цела 31 година таа на никого не кажала каде го погребала пејачот.

Меркјури не сакал никој да знае каде се наоѓа неговата урна со пепел, за неговиот гроб да не биде осквернавен, па оваа тајна ѝ ја доверил на жената за која велел дека е љубовта на неговиот живот.

Со тестамент ја обврзал својата поранешна вереница да се погрижи за пепелта и никогаш јавно да не соопшти што направила со неа, а таа и денес живее во станот кој го наследила од него.


Мери успеала да ја оправда довербата на Фреди, па тајната за неговата урна ја криела дури и од неговите родители и неговиот партнер Џими Хатон.

Фреди и Мери ја започнале врската во 70-те години на минатиот век и биле заедно 5 години. Парот се разделил кога Фреди запознал американски продуцент од „Elektra Records“ со кој започнал романса, а и покрај раскинувањето, останале многу блиски и до крајот на животот Меркјури ја сметал за вистински пријател.

Во 1985 година, пејачот започнал втора долга врска, овојпат со својот фризер Џими Хатон со кој живееше до смртта. Фреди ѝ го оставил своето богатство на Мери - имот вреден 20 милиони фунти во западен Лондон и 9 милиони фунти во кеш.

Кога пејачот почина, таа западнала во криза. Заболела од неколку болести и се трудела емотивно да се избори со наследството.


„Си мислев: „Ох Фреди, ми остави толку многу, и толку многу товар. Мислев дека не можам да се справам со тоа. Ме предупреди дека куќата ќе биде поголем предизвик отколку што сум свесна. Благодарна сум му на тоа што ме предупреди бидејќи набрзо се судрив со голема љубомора“, изјавила Мери во една прилика.

„Беше покрај него пред сè и покрај сè“, изјавил биографот на групата во една прилика. Таа го поддржувала во одлуката за лекување и му ветила дека никој нема да дознае дека боледува од ХИВ сè додека тој не го обелодени тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг