Бејл: Никогаш не се предаваме, борбата е во нашата крв

Дерби

22/11/2022

13:36

1.342

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Велс ремизираше со Соединетите Американски Држави (1-1) во првата средба на Светското првенство.

Велшаните имаа лошо прво полувреме, но по паузата покажаа карактер, голема борба и со погодокот на Бејл се изборија за реми на оваа средба.

- Пред две години бевме во слична позиција на ЕП кога загубивме од Швајцарија во првиот натпревар. Покажавме карактер и тогаш, покажуваме и сега. Одамна е познато дека Велс е репрезентација која никогаш не се предава, а тоа не го направивме ниту против САД. Борбата ни е во крвта. На второто полувреме и борбата што ја покажавме ќе го градиме продолжението на нашето натпреварување. Даваме се од себе и така ќе биде и во следните два натпревари во групата - рече Бејл кој потоа проговори за пеналот кој го изведе:

- Имаше нервоза, се разбира, но знаев дека можам да погодам. Јас сум изведувач на пенали, морав да преземам одговорност, - порача главната ѕвезда на оваа репрезентација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг