Роналдо посочи кој тим сака да ја освои Премиер лигата: Ми се допаѓа тренерот…

Дерби

18/11/2022

10:48

2.334

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Манчестер Јунјатед, Кристијано Роналдо и понатаму е во фокусот на јавноста со интервјуто кое го направи со Пирс Морган, интервју во кое си кажа се што му лежи на срце почнувајќи од сегашниот клуб, па се до многу други теми и прашања.

Португалецот во тој разговор со Морган воедно откри која екипа посакува да ја освои Премиер лигата ако тоа не може да го направи составот од „Олд Трафорд“. Тој дава глас за Арсенал, состав кој го заврши овој прв дел од кампањата на врвот на табелата.

- Прво Манчестер Јунајтед, а ако не, Арсенал е тим што сакам да го гледам како игра. Ми се допаѓа тимот. Ми се допаѓа тренерот. Мислам дека имаат добар тим. И ако Јунајтед не ја освои Премиер лигата, јас ќе бидам среќен ако тоа го направи Арсенал, - порача ветеранот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг