Кијану Ривс на специфичен начин позира со жени и поради тоа силно го фалат

Точка

15/11/2022

17:40

6.285

Големина на фонт

а а а

Кијану Ривс е еден од најомилените холивудски актери, а поради начинот на кој позира со жените, на многумина им стана уште подраг.

Имено, Ривс бил забележан како позира на неколку фотографии со свои обожавателки само привидно прегрнувајќи ги, односно ги ставил рацете зад девојките како да ги прегрнува, но не ги допира.

Многу познати, па и непознати личности би ја искористиле приликата и можеби малку поинтимно да позираат со обожавателките, но не и Кијану. И токму поради тоа Ривс добива пофалби од своите фанови на социјалните мрежи.

На Твитер е објавена компилација од фотографии настанати низ годините на кои се гледа како актерот никогаш (веројатно од почит) не ги допира своите женски обожаватели и поради тоа дополнително го опсипуваат со комплименти.


„Кијану не искористува прилики“, „Кијану е џентлмен и доволно паметен да знае дека е непримерно да допира непознати жени“, „Тој едноставно избегнува да ги допира луѓето, ги држи своите раце покрај себе. Кијану е супер лик“, „Чувствувам само љубов и почит кон овој човек, иако никогаш не сум го запознал“, пишуваат корисниците на Твитер за Ривс, а еден дал интересна забелешка дека со тоа што не ги допира избегнува и можна тужба.


„Тој едноставно не сака да биде обвинет за сексуално вознемирување, бидејќи денес дури и прегратката може да се протолкува како такво прекршување“, коментирал еден корисник, додека друг додал: „Но, никој нема да го обвини за каков било напад“.

Инаку, Ривс со години гласи за пристоен, скромен тип, џентлмен и нетипична холивудска ѕвезда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг