(Видео) Светот гледа во неверување! Лавров позирал во маица со лого од американскиот бисексуален сликар, наркоман

Точка

15/11/2022

15:45

3.054

Големина на фонт

а а а

Сергеј Лавров, шеф на руската дипломатија, денеска ја демантираше веста дека е хоспитализиран. На снимката се гледа и што облекол, што дополнително им падна во око на многу Твитер корисници.

Портпаролката на министерството на надворешни работи, Марија Захарова, исто така ги демантирала натписите дека Лавров е во лоша здравствена состојба.

„Сергеј Викторович и јас ги читаме вестите и не им веруваме на нашите очи – излегува дека е хоспитализиран“, напишала Захарова на својот профил на Телеграм.

„Ова е, се разбира, врвот на фалсификатите. Па, почекајте ја големата ексклузива“, додава Захарова.

Таа на Телеграм објавила видео со Лавров кој седи на тераса, во шорц и маица, со документи на масата.

Меѓутоа, на Твитер корисниците им привлекла внимание маицата на рускиот министер за надворешни работи.

Имено, маицата која може да се нарача и онлајн е со натпис „Basquiat“ и има стилизирана круна, која всушност е логото на познатиот сликар Жан Мишел Баскијат.

Жан Мишел Баскијат бил Афроамерикански сликар кој починал од предозирање со хероин на 27-годишна возраст. Баскијат бил познат и по својот богат емотивен живот и како бисексуалец, а неговите дела и слики денес достигнуваат астрономски суми на аукција.