Верона загуби од Јувентус со минимални 0:1 и продолжи да реди порази во Серија А, но фенерџијата во италијанската елита остана огорчен од завршните случувања на вчерашниот натпревар со тимот од Торино.
Судијата Марко Ди Бело покажа на белата точка при еден старт на Бонучи во 83-та минута, но потоа ја повлече одлуката и со проверка на ВАР се увери дека всушност немало најстрога казна.
Многу поконтроверзна беше одлуката која ја донесе неколку минути претходно, кога при резултат 0:1, Данило очигледно играше со рака во својот шеснаесетник, но Ди Бело и луѓето во ВАР проценија дека немало доволно елементи за пенал.
– Не сакам да зборувам за судиите, но кога имате серија на инциденти како овие проти Јуве и оние против Монца, навистина не прават глупави. Тие ни ја уништуваат нашата сезона и тоа веќе е очигледно. Не знам како може да не биде пенал кога раката на Данило му беше толку отворена, – изјави Салваторе Бокети, тренерот на Верона.
По низата поплаки, клубот официјално се пожали и преку социјалните мрежи, прикажувајќи го моментот кога Данило очигледно игра со рака во сопствениот шеснаесетник.