Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека трајното млеко од производителот „Милкано“ со 3,2 проценти масленост се повлекува од продажба.
Во неговиот состав се откриени канцерогени и високотоксични соединенија односно афлатоксин М1, кој може да предизвика жолтица и тешки оштетувања на црниот дроб, велат од АХВ.
Проблемот со ова соединение е што е отпорно и на процесот на пастеризација или домашна термичка обработка.
Известување:
Posted by STOKOMAK on Sunday, November 6, 2022
Од пазарот се повлекуваат сериите со датум на производство: 05.10.2022 и рок на употреба: 04.03.2023, со сериски број LOT FD04. Млекото е произведено во млекарата МИ99 во Градачац, Босна и Херцеговина.
Сите останати производи на млекарата (млеко со пониска или повисока маселност и други млечни производи) не се опфатени со повлекувањето бидејќи според АХВ се исправни.
Ланецот маркети „Стокомак“ ги известува граѓаните кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, за да им бидат вратени парите.