Лажни се денешните дојави за бомби во средните училишта, соопшти МВР

Макфакс

04/11/2022

17:49

2.388

Големина на фонт

а а а

Лажни се дојавите за бомбите поради кои денес беа евакуирани четири училишта во Скопје.

МВР соопшти дека биле направени сите потребни проверки откако училиштата на електронската адреса добиле закана за поставена експлозивна направа.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.

Месецов повеќе скопски училишта добија имејлови со закани за поставени бомби, за кои, по извршените проверки од страна на полицијата, се утврди дека се лажни дојави.