Нови дојави за поставени бомби во скопските средни училишта.
„Денеска (4.11.2022), во СВР Скопје, околу 14 часот, е пријавено дека на имејл-адресите на четири (до овој момент) училишта во Скопје упатена е закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници преземени се мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа денеска од МВР.
Едно од училиштата на чија адреса стигнала заканата е гимназијата „Никола Карев“ во скопски Карпош.
Минатата недела повеќе скопски училишта добија имејлови со закани за поставени бомби, за кои, по извршените проверки од страна на полицијата, се утврди дека се лажни дојави.