Наполи ќе му понуди нов договор на Спалети

Макфакс

04/11/2022

15:43

2.435

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да го задржи тренерот Лучијано Спалети, кој одлично го предводи тимот оваа сезона.

Претседателот Аурелио де Лаурентис е подготвен да ја продолжи соработката со него за подолг период. Тој е одушевен од работата на 63-годишниот стратег.

Актуелниот договор на Спалети има важност до крајот на сезоната, но има и клаузула за автоматско продолжување на уште една година, која се чини дека ќе биде активирана.

Спалети дојде во Наполи на местото на Џенаро Гатузо и се снајде одлично. Во првата сезона под негово водство тимот се претстави одлично и беше во борба за шампионската титула иако на крајот заврши на третото место во Серија А. Оваа сезона се наметнува како главен фаворит за скудето“.