Столтенберг: Финска и Шведска ги исполнија барањата на Турција

Dnevnik.hr

03/11/2022

21:01

2.483

Големина на фонт

а а а

Шведска и Финска ги исполнија барањата на Турција во однос на приемот во Алијансата и време е да ги поздравиме, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Време е да ги поздравиме Финска и Шведска како полноправни членки на НАТО“, рече Столтенберг на прес-конференција во Истанбул, во присуство на турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу, пренесе Ројтерс.

Столтеберг додаде дека „во овие опасни времиња е важно да се финализира нивното членство“, за да се спречи какво било недоразбирање или погрешна проценка во Москва,пренесе Танјуг.