Ковачевски и лидерите од Западен Балкан потпишаа три договори за мобилност за забрзан регионален економски раст

Макфакс

03/11/2022

14:07

1.934

Големина на фонт

а а а

Во рамки на Самитот за Берлински процес што се одржува денеска во Берлин, Сојузна Република Германија од страна на премиерот и лидерите од земјите од Западен Балкан беа потпишани три регионални договори за мобилност.

Договорите, како што соопштија владините служби, се однесуваат на взаемно признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификациите за докторите на медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан.

Потпишувањето на овие меѓународни договори треба да ја зајакне соработката помеѓу Северна Македонија, Албанија, Србија, БиХ, Црна Гора и Косово во делот на реформските процеси, заедничките пазари, меѓусебно признавање на професионалните квалификации, слободно движење на луѓе и стоки и истата треба да придонесе за забрзан регионален економски раст и развој.

Токму ова се и основните цели и фокусот на Берлинскиот процес, кој се реализира со поддршка на Европската комисија, а се во насока на унапредување на соработката помеѓу земјите од Западен Балкан, посочуваат од Владата.