Столтенберг во тридневна посета на Турција

Макфакс

03/11/2022

11:52

1.504

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од денеска ќе биде во тридневна посета на Турција, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Од таму соопштија дека Столтенберг ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и со министерот за одбрана, Хулуси Акар, пренесува „Танјуг“ повикувајќи се на турската државна агенција „Анадолија“.

Се очекува фокус на разговорите да бидат продолжувањето на договорот за жито од Истанбул и кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во јуни оваа година, одлука поттикната од руската војна против Украина.

Сепак, како членка на НАТО, Турција изрази приговори за нивните кандидатури за членство критикувајќи ги Шведска и Финска дека толерираат, па дури и ги поддржуваат групите што Турција ги смета за терористички.