Шест средни училишта во Скопје, денеска околу 14 часот и 30 минути на мејл адресите добиле закани за бомби, а учениците и персоналот се евакуирани.
„Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Минатата недела исто така во неколку наврати до неколку средни училишта во Скопје пристигнаа закани за бомби, а подоцна се воспостави дека истите биле лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претходно посочи дека пораките со лажните дојави за бомби се пуштени надвор од државата.
Министерството за образование и наука (МОН) ги осуди лажните дојави за бомби и упати апел до училишните раководства да го подигнат нивото на безбедност вo училиштата и да продолжат со организација на воспитно–образовниот процес.
Фото: „360stepeni“/„4news“