Москва порано денеска соопшти дека повторно ќе се приклучи во договорот кој овозможува извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа.
Русија не може да биде препрека за светското снабдување со храна, рекла денеска американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд, која е воодушевена што Москва се враќа во договорот за жито.
Москва порано денеска соопшти дека повторно ќе се приклучи во договорот кој овозможува извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа.
Русија ќе го продолжи своето учество во црноморскиот договор за живот, откако ги доби потребните гаранции од Украина, соопшти денеска руското министерство за одбрана, пренесува „Tanjug“.
Русија го суспендираше своето учество во договорот за извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа, кој го склучила со Украина во јули, со посредство на Турција и Обединетите нации, по украинскиот напад со дрон на руската црноморска флота во Севастопољ поради што, како што навела, не може да ја гарантира безбедноста на цивилните бродови.