Елиф Елмас доби десетина минути на „Енфилд Роуд“ и го замени одличниот Квича Кварацхелија, но во периодот кој го мина на теренот, најмногу внимание привлече со дуелот кој го имаше со Дарвин Нуњез.
Уругваецот го постигна голот за конечна победа на Ливерпул од 2:0 во 98-та минута, но пред да се случи тоа, напаѓачот на Ливерпул уште еднаш презентираше дека знае да биде навистина пргав, но и валкан фудбалер.
Елиф Елмас доби непријатен удар во главата од Нуњез при дуелот кој го имаа во шеснаесетникот на Наполи, при што акцијата на домашниот тим беше прекината.
Судијата ја виде агресивната реакција на Дарвин и му покажа жолт картон, но тоа се покажа само како најава за она што следеше, односно голот за победа од 2:0.
Со овие три бода, Ливерпул се израмни со Наполи на табелата, но сепак како прв во осминафиналето патува италијанскиот тим поради победата на домашен терен од 4:1.