Во еден ден освоила две награди на лотарија, нејзината приказна е неверојатна

Точка

01/11/2022

10:23

7.096

Големина на фонт

а а а

Жената по првата, освоила и втора, уште поголема награда, само затоа што решила да ја прослави првата добивка.

Банкарската сметка на една Американка станала драстично побогата откако во еден ден освоила две награди на лотарија.

Една 70-годишна жена од Далавер, која сакала да остане анонимна, дознала дека освоила 100.000 долари откако купила две грепки на бензинска станица во Њуарк.

Два дена подоцна, жената отишла во лотаријата по својата награда.


Според лотаријата, жената одлучила да ја прослави својата добивка и купила три лозови „Serious Money“ на бензинска станица во Довер, кога сфатила дека освоила уште една поголема сума.

„Првата личност на која и кажав дека освоив 100.000 долари е мојата најдобра пријателка која дојде со мене да ја соберам наградата“, им рекла победничката на вработените во лотаријата.

„Кога истиот ден изгребав уште една среќка и освоив 300.000 долари, бевме шокирани. Тоа беше сосема лудо“, објаснила таа.


Потоа повторно отишле во просторијата на лотаријата да ја земе својата награда и така заработиле неверојатни 400.000 долари во еден ден.

Жената вели дека планира да ги заштеди парите за пензија.

„Многу е убаво да се види дека нашите играчи дома носат шестцифрени награди. „Instant Games“ продолжува да ги изненадува и воодушевува играчите во државата“, рекла директорката на Лотарија Далавер Хелен Кели во соопштение за јавноста.

Инаку на почетокот на оваа година, еден Американец исто така имал многу среќа кога добил на лотарија два пати во рок од една недела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг