(Видео) Брз рецепт за колач со афион и јогурт: Се прави за 20 минути – вкусот е подобар и од штрудлата

Точка

28/10/2022

21:00

20.384

Големина на фонт

а а а

Денеска ќе ви претставиме предлог за едноставен и превкусен колач со афион – тоа што е најдобро кај овој колач е тоа што се прави брзо.

Семето од афион се смета за суперхрана и поради тоа треба често да се користи во исхраната. Ова семе е исклучително богато со витамин Ц, Е и витамин Б комплекс којшто делува како важен кофактор во метаболизмот на мастите и јаглехидратите. Изобилува со важни минерали кои лесно се искористливи.

Состојки:

- 2 јогурти;

- 2 чаши брашно;

- 1 чаша гриз;

- 1 чаша шеќер;

- ½ масло за јадење;

- 100 грама афион;

- 1 прашок за печиво;

- 1 ванилин шеќер.

Подготовка:

Измешајте ги сите наведени состојки, па ставете ја смесата во плех. Печете на 180 степени Целзиусови околу 20 минути. Колачот премачкајте го со топено чоколадо или пак џем.

Уживајте во вкусот!