Рецепт за тесто за пица кој на сите им успева: Воздушесто и меко – тајната е во една состојка

Точка

26/10/2022

21:12

21.892

Големина на фонт

а а а

Доколку вашето семејство сака пица, сигурно некогаш ви се случило во фрижидер да ги имате сите состојки, но да немате тесто.

Тајната на овој рецепт се крие во само една состојка – јогурт!

Овој основен рецепт за пица со јогурт ќе биде одличен, па дури и да сте почетник во кујна.

Состојки:

- 250 милилитри јогурт;
- 600 грама брашно;
- 1 ќесичка квасец;
- 100 милилитри масло;
- 50 милилитри вода;
- 1 лажичка сол;
- прстофат шеќер.


Подготовка:

Во сад загрејте 250 милилитри јогурт (да биде топол, но не да врие). Во јогуртот додадете една лажица сув квасец, шеќер, 50 милилитри вода и лажичка брашно.

Сè помешајте во сад и оставете квасецот да реагира околу 15 минути. Покријте го садот со крпа или алуминиумска фолија.

Потоа додадете 100 милилитри масло и сол, па помешајте, а потоа малку по малку додавајте брашно и мешајте. Додавајте брашно сè додека не можете со рацете слободно да месите, а тестото да не ви се лепи.


По 10-на минути тестото формирајте го во вид на топка, па оставете го во сад покриено со крпа.

Тестото за пица со јогурт е подготвено, може да продолжите со нанесување состојки потребни за пица и да го испечете во рерна.

Пријатно јадење!