Ученик добил точен резултат, но наставничката му дала нула поени: Математичка задача поради која јавноста се скара

Точка

26/10/2022

18:02

8.312

Големина на фонт

а а а

Математиката за многу од децата е болка затоа што можете да добиете точен резултат, но нула поени поради тоа што постапката на решавање на задачата не е точна.

Ученик добил точен резултат, но поради погрешната постапка „заработил“ нула поени од својата наставничка.

По објавата од задачата со точен резултат, но погрешна постапка, голем дел од јавноста коментирала, а се наведува дека „училиштето е убиец на креативноста“, но како што многу од корисниците истакнала поентата е во постапката поради што ученикот бил казнет со нула поени.


Ова се дел од коментарите:

„Не е поентата во резултатот, колку што гледам. Туку тука обидот е детето да се научи како да размислува. Очигледно тоа била поентата на лекцијата и тестот. Детето не ја сфатило поентата“, „Сигурно! Поентата на математиката е точен резултат пред сè, негово е да ја докаже пресметката, не може да му се одземат поени затоа што тој е на рамниште со ученик којшто не дал точен резултат. Образовниот систем во Србија е лош. Драго ми е што моите деца не одат на училиште во Србија“, „Ова не води никаде. Само децата да размислуваат на начин како што сакаат наставниците. Тоа сметам дека не е во ред“, „Апсолутно не сфаќаат дека секое дете го формира мозокот и логиката различно и дека тоа треба да се негува и цени, а не да се казнува. Разбирам дека сакаат децата да ги научат на одредени методи на решавање, но толку да се инсистира на тоа во тој период е лудо. Целосно без чувство за децата. Голема срамота“, биле само дел од коментарите.

Што мислите вие?