На дете му се слошило, па авион принудно слетал во Белград

Макфакс

16/10/2022

12:18

8.529

Големина на фонт

а а а

Авион утринава принудно слетал на аеродромот во Белград откако на детето му се слошило, потврдија од Еуроњуз Србија.

Во соопштението за медиумите се наведува дека на аеродромот Никола Тесла е доведен во прашање летот на авиокомпанијата „SunExpress“ на линијата Анталија – Цирих со 185 патници и 6 членови на екипажот.

„Авионот принудно слета во 9 часот и 26 минути во Белград поради медицински причини. Сите надлежни аеродромски служби реагираа во најкус можен рок и патникот и неговата придружба се испратени во надлежната медицинска установа за понатамошна нега“ – наведуваат оттаму.

Танјуг јавува дека се работи за десетгодишно дете на кое му се слошило и потоа било префрлено на детска клиника.

Авионот треба да го продолжи летот во текот на денот.