Хајди Клум позирала со својата ќерка во долна облека, фотографиите предизвикаа бурни реакции: „Идеално за семеен албум“

Точка

11/10/2022

18:32

14.641

Големина на фонт

а а а

Една од најуспешните жени во Холивуд продолжува да доминира со изгледот, иако е на прагот на шестата деценија.

Хајди Клум неодамна позирала со својата 18-годишна ќерка Лени во чипкана долна облека за познатиот бренд „Intimissimi“. Иако можеби имала добра намера кога позирала со својата наследничка, фотографиите предизвикаа бурни реакции во јавноста.


Познато е дека Хајди ѝ ја пренела љубовта кон манекенството на својата ќерка, која дебитираше како модел во декември 2020 година, појавувајќи се на насловната страница на германскиот „Vogue“ за јануари/феврури 2021 година, заедно со мајка си.

Еден месец подоцна, во текот на Модната недела во Берлин, Лени се појави во дигиталната презентација која промовираше неколку дизајнери, вклучувајќи ги Кавијар Гош и Мајкл Сонтаг.


Овојпат Хајди и Лени позирале за кампања за долна облека, а иако многумина коментирале дека Лени ја засенила мајка си и ѝ предвидуваат успех од светски размери, не недостасувале ни негативните коментари.


„Не знам што да мислам за ова“, „Ах да, класична поза на мајка и ќерка – стојат во долна облека. Омилена фотографија за секој семеен албум“, „Ова ми е дегутантно“, гласат само некои од коментарите.

За потсетување, Хајди ја доби Лени во врската со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе, а кога манекенката стапи во брак со музичарот Сил, тој ја посвои Лени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг