(Фото/Видео) Хрватската старлета Нивес Целзиус се фотографираше со претседателот Пендаровски, се пофали и како бакнува припадник на претседателската гарда

Точка

09/10/2022

12:46

7.347

Големина на фонт

а а а

Познатата хрватска старлета Нивес Џелзиус, на социјалните мрежи се пофали дека била на прием кај македонскиот претседател Стево Пендаровски во Вила Водно.

Таа во своите објави сподели и видео на кое прикажува и како бакнува припадници на претседателската гарда, додека тие стојат во став на неподвижност.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски одговорија дека Целзиус била на листата поканети гости на Спортското радио по повод 20 години од организацијата на турнир во мал фудбал, пренесува „МКД“.

„Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција“, одговориле од кабинетот на Пендаровски за „Прес24“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг