Секоја домаќинска куќа во Југославија го имаше овој предмет: Буди носталгија, а помладите генерации не знаат за што служи

Точка

08/10/2022

23:27

16.539

Големина на фонт

а а а

Старата мелница за кафе е предмет кој се користел во многу домаќинства од поранешна Југославија, постарите со носталгија ја паметат, а помладите не знаат за што служи.

Постарите генерации и денес паметат некои предмети и работи кои ги поврзуваат со Југославија и времето кога безгрижно пиеле кафе со соседите.

Еден корисник на Твитер неодамна објави интересна фотографија со натпис „Дали знаете за што е ова?“.

Додека припадниците на поновите, односно помладите генерации со чудење гледале на необичната направа обидувајќи се да откријат за што се работи, постарите со носталгија ја коментирале фотографијата.

„Дали знам? Колкупати мелев кафе во ова како дете. Убави спомени„, „Можеш да вежбаш бицепс на 7 години“, „И јас го имам, старо е колку мене“, „Порано имаше секоја продавница, па мама те праќа да мелеш, а тие ти крадат за да имаат да се напијат“, „За озборување. Две комшики седнати, го вртат, и озборуваат“, се само дел од коментарите под фотографијата.

Се разбира, зборуваме за стара, рачна мелница за кафе што ја имаше речиси секоја куќа во Југославија.