По руската инвазија на Украина, Малта го суспендирала пристапот до тој систем за граѓаните на Русија и Белорусија.
Европската комисија вчера одлучи да ја тужби Малта на Европскиот суд за правда во Луксембург поради системот за „златен пасош“ кој им овозможува на странски инвеститори да добијат малтешко државјанство во замена за вложување во земјата.
Комисијата смета дека давањето на државјанства во замена за пари, без автентични врски за подносителите на барателите со членката на ЕУ чие државјанство се бара, не е во склад со принципот за искрена соработка меѓу членките на Унијата и со концептот на државјанство на Унијата, било соопштено во вчерашното соопштение на ЕК. Малта е единствена преостаната членка на ЕУ која и натаму издава „златни пасоши“. Кипар се откажа од оваа пракса под закана од тужба од Комисијата, како и Бугарија. Истрагата против Малта по ова прашање трае од октомври 2020-та година, кога Комисијата пратила официјално писмо во кое бара малтешката влада да престане со доделувања на „златни пасоши“.
Во јуни 2021-ва година Комисијата повторно пратила писмо, откако Малта ги променила правилата со задржување на спорниот систем. По руската инвазија на Украина, Малта го суспендирала пристапот до тој систем за граѓаните на Русија и Белорусија. „Иако ова беше позитивен чекор, Малта продолжи да ја применува шемата за државјаните од сите други националности и не изрази намера да престане“, се наведува во соопштението на Комисијата. Поради тоа ЕК ја продолжува процедурата која започнала со праќање писма, а следниот чекор во постапката било праќање на образложено мислење, во април оваа година. Малта за ова не дала валидно оправдување, а вчера Комисијата најавила дека ќе поднесе тужба до Судот на ЕУ.
Државјанство од било која членка на Унијата со себе носи право на слобода за движење ширум ЕУ. Комисијата смета дека делењето на „златни пасоши“ со себе носи ризик од перење на пари, затајување на данок и корупција, како и безбедносни ризици. Малта дала државјанства на илјадници инвеститори и членови на нивните семејства од 2014-та година, од кога таа шема е на сила.