Зеленски: Мора да се добие војната за да не можат руските тенкови да стигнат кон Варшава или Прага

Макфакс

06/10/2022

20:17

1.535

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од европските лидери уште оружје за да ги спречи руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага, пренесоа француските медиуми.

„Мораме да го казниме агресорот“, рече тој во видео пораката–на денешната прва средба на 44-те европски лидери кои во Прага се собраа на првиот самит на Европската политичка заедница.

„Оваа војна мора да се добие сега за руската флота да не може да ги блокира останатите пристаништа во Црното Море, Медитеранот или кое било друго море. За да не можат руските тенкови да напредуваат кон Варшава или Прага“, нагласи украинскиот лидер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг