Рапсодија на најубавите вкусови која брзо се подготвува: Есенската мусака со карфиол ќе ве освои на прво залче

Точка

06/10/2022

21:04

12.152

Големина на фонт

а а а

Мусаката може да се прави на различни начини, а доколку сте љубители на ова јадење, подгответе се за најдобриот рецепт којшто некогаш сте го пробале.

Есента носи бројни јадења кои се карактеристични за тоа доба, а посебна е есенската мусака која ќе ви ги подобри врнежливите денови и ќе ве маѓепса со својот вкус.

Се подготвува многу лесно, баш како и сите други нејзини варијанти, од состојки потребно ви е она кое веројатно го имате дома, а доколку немате доволно време за готвење, есенската мусака сигурно дека ќе биде идеалното јадење кое ќе го подготвите.

Состојки:

- 2 средни модни патлиџани;
- 1 главица кромид;
- 3 моркови;
- 1 жолта пиперка;
- 1 помал карфиол;
- 500 грама спанаќ;
- 600 грама мешано мелено месо;
- 1 скараџиски колбас;
- ½ чаша кисела павлака;
- 120 грама ориз;
- зачини по желба.


Подготовка:

Прво кромидот, морковот, пиперката исечкајте ги на коцки, а потоа пропржете ги на масло за јадење. Кога ќе омекнат, додадете го на коцки исечканиот колбас, па пропржете.

Потоа додадете го и меленото месо и малку вода, па пржете додека месото не биде речиси готово. За тоа време измијте го спанаќот, па исечкајте го, додадете го во месото. Продолжете да пржите со додавање малку вода. На крај додадете го ситно исечканиот карфиол. Во добиената смеса додадете сварен ориз, па зачини по вкус и киселата павлака.

Исчистете го модниот патлиџан и распоредете го во сад за печење, над него ставете од филот и потоа над филот останатиот дел од патлиџанот. Попрскајте со масло за јадење, додадете зачини и печете на 180 степени Целзиусови степени околу 45 минути.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг