Најстарата манекенка на светот на 91 година се фотографирала целосно гола: Нејзината објава ги остави фановите без здив – еве зошто

Точка

06/10/2022

18:41

10.712

Големина на фонт

а а а

Кармен Дел Орефиче имала само 13 години кога била „откриена“ во автобус на улицата 57 во Њујорк, на пат кон час по балет. Сега, на 91-годишна возраст, таа сè уште е во светот на модата, што ја прави модел со најдолг стаж во историјата.

Дел Орефиче го опишува нејзиното воспитување како „спартанско“. Таа била паметно дете од сиромашно домаќинство, подготвено за секоја работа што ќе им помогне финансиски на нејзините родители.

Од чиста среќа, таа станала модел, а ја добила првата работа во студиото на „Вог“. Таму на сетот ја дочекале фотографите Ирвинг Пен, Сесил Битон и Џон Ролингс.

Четирипати била „девојката од насловна“, иако вели дека се расплакала кога ја видела првата насловна страница на киоск.

„Изгледав како момче“, се сеќава таа во едно интервју во 1983 година.

„Но, тоа беше лекција. Оттогаш почнав да го одвојувам вистинското јас од Кармен на насловните страници“.

Таа денес, како модел со најдолг стаж во манекенскиот бизнис на 91 година, во соработка со магазинот „New You“, направила „ризичен“ сет од топлес фотографии.

Орефиче позирала целосно гола пред фотографите, а како што пишува „Page Six“, не ѝ било ни најмалку непријатно.

Кармен има убави спомени од култниот моден магазин „Вог“, бидејќи на 15-годишна возраст се нашла на насловната страница на модната библија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг