Пред 3 месеци ги покажа голите гради на ревија на „Valentino“, а сега повторно изненади со новиот стајлинг: Актерката не се откажува од разголените изданија

Точка

06/10/2022

10:02

13.816

Големина на фонт

а а а

Актерката Флоренс Пју пред 3 месеци се појави на ревијата на „Valentino“ во Рим облечена во фустан од тил без градник.

Во слично издание Пју се појавила и неодамна на модното шоу на оваа куќа во Париз и со сензуалниот стил ги воодушеви своите фанови, но и модните критичари.

Нејзините фотографии од Париз кои го прикажуваат новото модно издание го лајкнале 1,8 милиони луѓе.

Актерката за ревијата на Модната недела во француската престолнина носела креација на „Valentino“ составена од гламурозен краток топ и долго здолниште изработени од проѕирен раскошен материјал, а градникот повторно изостанал...

„Имај доверба во копчето“, напишала Флоренс под фотографиите, мислејќи на детаљот на нејзиниот топ благодарение на кој не дошло до голем скандал.

Флоренс, односно модната куќа „Valentino“, нудат сензуална верзија на голотијата која е километри далеку од вулгарна, иако некои на овие фотографии ќе го видат токму тоа. Голотијата никогаш не била спорна во модата и на полето на добриот стил, само е важно како се претставува и како се носи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг