Фотографии од градот Лиман: „Сè е уништено...“

Точка

05/10/2022

16:09

3.113

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објавил неколку фотографии од Лиман, стратешки важен град кој неодамна го ослободиле украинските сили.

„Нашиот Лиман по заминувањето на окупаторот … Се што е потребно за живот тука е уништено. Тоа го прават секаде на териториите кои ги заземаат. Тоа може да се сопре само на еден начин: со ослободување на Украина. Нам животот ни е потребен, човештвото, правото и вистината, што е можно побрзо“, најавил Зеленски.

Потсетуваме, руските сили во текот на викендот се повлекоа од Лиман, град во источната Доњецка област.

Тој потег означил уште еден триумф на украинската контраофанзива на истокот. Но, фотографиите кои ги објави Зеленски, како и другите фотографии и видеоснимки кои доаѓаат од Лиман, покажуваат град кој е уништен во голема мера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг