На Кремљ му се допаѓа предлогот на Илон Маск за мир во Украина: „Позитивно е кога некој како него се залага за мир“

Точка

04/10/2022

16:46

1.800

Големина на фонт

а а а

Многу е позитивно што некој како Илон Маск размислува за мирен излез од оваа ситуација, им рекол на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Милијардерот Илон Маск предложил повторно гласање во регионите присоединети кон Русија, овој пат под надзор на Обединетите нации, по што Русите би се повлекле во случај на негативен резултат.

Маск исто така предложил Крим и официјално да стане дел од Русија, „како што било од 1783-та година“ до грешката на советскиот лидер Никита Хрушчов. Тој во спорната објава на Твитер повикал и на неутрален статус на Украина.


„Многу е позитивно што некој како Илон Маск размислува за мирен излез од оваа ситуација“, им рекол на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Во споредба со многу професионални дипломати, Маск сè уште бара начини да постигне мир. А постигнувањето на мир без исполнување на условите на Русија е апсолутно невозможно“, додал тој.

Киев рекол дека никогаш нема да прифати да ја предаде територијата која му е одземена со сила, а правни референдуми не може да се одржуваат на окупирана територија на која има многу убиени или протерани.


Откако Владимир Путин минатата недела ја најави анексијата на четири украински покраини, Киев поднесе барање за членство во НАТО и нема да преговара со Русија додека Путин е претседател.

Маск во понеделникот побарал од корисниците на Твитер да гласаат за неговиот предлог за мир во Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг