Експертите од две опсерватории во јужна Русија откриле нов астероид, наречен 2022 SE37.
Астрономите го забележале небесното тело на 1 октомври, а неговиот пречник изнесува 500 метри. Првите фотографии се објавени на социјалните мрежи, пренесува „Sputnik News“.
(Сега) не е опасен
Астероидот 2022 SE37 е поголем од римскиот Колосеум и кружи околу Сонцето во издолжена орбита со период од 3.44 години.
Руските експерти наведуваат дека во догледна иднина не претставува ризик по Земјата.
JUST IN: The Keldysh Institute of Applied Mathematics from Moscow said that Russian scientists have discovered a new massive asteroid named 2022 SE37 is heading towards Earth. #Russia #Moscow #Asteroid pic.twitter.com/epqGr0OV5c
— BNN Newsroom (@BNNBreaking) October 2, 2022
„Ова е уште еден од речиси 30.000 астероиди кои претходно беа откриени. Лета на оддалеченост од многу милиони километри од нашата планета и не претставува опасност“, изјавил академик Јури Белег за „TASS“.
Одбрана на планетите
Вестите од Русија пристигнуваат по успешниот експеримент на агенцијата NASA, чие летало DAET се судри со астероидот Dimorfos, со цел да му го смени правецот на движење.
Станува збор за планетарна одбрана од можен удар од астероид.