(Видео) Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

Макфакс

04/10/2022

13:41

1.268

Големина на фонт

а а а

Американскиот економист Џефри Сакс, добитник на Нобеловата награда, во разговор со водителот на телевизијата „Блумберг“, изнесе став за кој вели дека е против западниот наратив. Според него САД и Полска би можеле да стојат зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ и дека има докази дека американски хеликоптери, со седиште во Гдањск, кружеле над областа каде што се наоѓа гасоводот во Балтичкото Море.

„Би се обложил дека зад ова се можеби САД и Полска“, рече Сакс, пренесува медиумот.

На прашањето на водителот зошто го тврди тоа, Сакс изјави дека има докази дека американски хеликоптери, чија база е во Гдањск, кружеле над таа област во Балтичкото Море.

„Имавме закани од САД претходно оваа година дека ќе влеземе во „Северен тек“ на еден или друг начин. Имавме и изјава од државниот секретар Ентони Блинкен која вреди да се напомене. Тој на прес-конференција минатиот петок рече дека ова е одлична можност. Чуден начин на делување е тоа“, истакна Сакс.

„Знам дека тоа што го кажувам е против нашиот наратив и дека не е дозволено да се зборува за овие работи на Запад“, рече Сакс.

На 27 септември е забележано истекување гас на гасоводите „Северен тек“ 1 и 2. Сеизмографите на данскиот остров Борнхолм забележаа потреси, а властите на Данска и Шведска покренаа истрага, бидејќи се сомневаат дека е извршена саботажа на гасоводот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг