Ја издолжуваат фигурата на тело и даваат моќ: Моника Белучи носи панталони кои се ненадминлив хит и секоја кројачка може да ги сошие

Точка

04/10/2022

14:15

9.782

Големина на фонт

а а а

Модната недела во Париз угостила бројни познати имиња, а ревијата на модната куќа „Elie Saab“ ја збогатила и прекрасната Моника Белучи.

Моника Белучи се појавила во досега најмоќното издание и ги оставила сите без зборови. Славната Италијанка избрала да носи црна облека – од глава до пети, а во таквото издание изгледала беспрекорно, величествено и авторитетно.


Актерката често одлучува да носи црна облека, но овојпат избрала долг, црн капут, под кој носела провидна, црна маица со панделка која се врзува. Сето тоа го надополнила со вечно модерните трапез панталони кои се совршен избор и во дневните и во вечерните модни варијанти.

Својата моќна појава ја надополнила со мала, црна чанта со златно синџирче, а носела уште еден моден детаљ – очила за сонце.

Црната боја отсекогаш била добар избор кога сакате да оставите добар впечаток затоа што со својата појава и ефектност се постигнува максимумот.

Црната е омилена и кога сакате да изгледате позгодно, но и да си дадете себеси чувство на моќ.


Друштво на Моника Белучи на ревијата ѝ правела нејзината колешка Ева Лонгорија.

Инаку, Моника е позната како некој кој секогаш преферира класични модни парчиња кои не заминуваат од мода, па секое нејзино појавување е вредно за споменување, а ваков модел на панталони секоја жена треба да има во својот гардеробер.


Дали ви се допаѓа?




Спонзорирани линкови

Маркетинг