Манчестер Сити одлично ја започна сезоната во Премиер лигата и покажа дека Пеп Гвардиола и раководството довеле квалитетни засилувања, со кои ќе има и поголеми шанси да ја одбрани титулата.
Покрај Ерлинг Халанд, во Сити дојдоа уште неколку фудбалери за кои не беа платени преголеми суми, а од едно од новите имиња е воодушевен и Кевин де Брујне.
Белгиецот го истакнал Мануел Аканџи и неговите настапи изминатиот период, не криејќи го воодушевувањето од неговата брза адаптација во тимот на Гвардиола.
– Тој игра фантастично, ова е нереално.
– Дојде во тимот, не тренираше предолго со нас, а игра фантастично. На теренот изгледа како да е дел од екипата долго време,
– Треба да бидеме среќни што имаме толку квалитетни пет стопери и сите ќе ни бидат потребни со оглед на проблемите со повреди кои се реалност, – изјавил Де Брујне.
Сити плати 15 милион фунти за трансферот на Швајцарецот од Борусија Дортмунд.