Јапонија ги крена борбените авиони откако Северна Кореја лансираше ракета: На граѓаните им е наредено да се евакуираат

Точка

04/10/2022

07:51

4.497

Големина на фонт

а а а

Јапонија ги кренала овците кои трагаат по остатоците од ракетата.

Откако Северна Кореја лансирала ракета од среден дострел која прелетала дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредиле евакуација на луѓето на островот Хокаидо и го суспендирале железничкиот сообраќај во тој дел од државата, јапонското Министерство за одбрана наредило полетување на ловци "F-15", за да ги пронајдат остатоците од ракетата, пренесуваат локалните медиуми.

Откако утрово пристигнала дојава за лансирањето, министерот за одбрана наредил ловците да тргнат во пребарување на теренот.


Според информациите, Северна Кореја ја лансирала ракетата во 7:22 часот по локално време. Се верува дека ракетата го прелетала округот Аомори и паднала во Пацификот во околу 7:44 часот.

Веднаш на граѓаните им била пратена порака за евакуација и повлекување во засолништа.


„Северна Кореја лансираше проектил. Во молиме да се евакуирате подземни засолништа“, објавила Владата на Јапонија во порака објавена во 7:29 наутро.

Ова е прв пат да се случи нешто вакво уште од 2017-та година. Според податоците на Министерството за одбрана на Јапонија, максималната висина е околу 1.000 километри, а далечината на летот е околу 4.600 километри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг