Полицијата вчера го приведе И.Ѓ.(28) од Битола.
При извршен преглед во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја, а при претрес извршен во хотелска соба каде престојува, пронајдена и одземена е марихуана., велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.