Фудбалерот што играше допингуван против Македонија ЃП доби четиригодишна суспензија

Макфакс

01/10/2022

13:43

2.569

Големина на фонт

а а а

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече четиригодишна суспензија за Георги Јомов од ЦСКА Софија, кој се покажа дека играл допингуван против Македонија Ѓорче Петров во европските купови.

УЕФА објави дека во организмот на фудбалерот биле пронајдени недозволени сусптанци по мечот против Македонија ЃП, кој се одигра на 28 јули.

Фудбалерот има право на жалба, но, како што пишуваат бугарските медиуми, мала е веројатноста за намалување на казната затоа што Јомов користел „дехидрохлометилтестостерон“, кој е на забранета листа подолг период.

Од клубот ЦСКА Софија излегоа во заштита на фудбалерот и истакнуваат дека засега немаат официјална информација за таква казна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг