Околу стотина студенти полагале приемен испит во образовен институт во Кабул, главниот град на Авганистан, кога се случил напад.
Во експлозијата се повредени повеќе од 30 лица, а најмалку 23 загинале, пренесува „Си-Ен-Ен“.
„Кога влегов во салата ги видов колегите облеани во крв. Дознав дека експлозијата се случила внатре во салата. Бев во шок, ги барав пријателите. Повеќето успеаја да излезат живи, но не и мојата најдобра пријателка. Таа имаше само 19 години и беше најинтелигентната од целата генерација“, изјавила студентка за „Си-Ен-Ен“.
An #explosion occurred in the 13th security area of #Kabul this morning (Friday). Dozens have been killed in today blast in #Kaaj learning center in west #kabul..#Afghanistan#KABULBLAST #kabul #Kaj #hazara #SaudiArabia #hackers #Pakistani pic.twitter.com/xUKG7ieZ2C
— Prateek Pratap Singh (@PrateekPratap5) September 30, 2022
Полицијата соопштила дека, кога станува збор за жртвите од нападот, повеќето од нив се студентки. Засега никој не преземал одговорност за нападот, иако областа била претежно населена со Хазари, етничко малцинство кое било цел на претходните напади на милитантната група Исламска држава.
Портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, на Твитер го осудил нападот.
„Исламските Емирати на Авганистан го нарекуваат нападот врз центарот - големо злосторство, најостро го осудуваат и изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од овој инцидент“, напишал Муџахид.