Нови податоци од пописот: Немажени и неженети се 23,8 отсто, а вонбрачно живеат 1,6 отсто од двојките

Макфакс

30/09/2022

14:53

2.259

Големина на фонт

а а а

Државниот завод за статистика објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.

Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23,8 проценти се неженети/немажени, 65,3 отсто се мажени /женети, 7.2 проценти се вдовци/вдовици и 1,6 отсто се разведени. Регистрирани се и вкупно 3 случаи на вдовци/вдовици и 13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години.


Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98,4 проценти живеат во брачна заедница, а 1,6 отсто во вонбрачна заедница.

81,1 процент од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7 отсто дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.

Според местото на раѓање, 90 проценти од вкупното резидентно население се родени во Македонија.