Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Макфакс

30/09/2022

13:59

2.465

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али Ахмети, посочи дека можат да функционираат без т.н. „огнена група“ односно членовите кои бараат смена на вицепремиерот. Груби, смета дека има најмалку заслуги за успесите на ДУИ.

„Не само ДУИ, било која партија, било која институција, било кој општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти“ вели Груби.

Тој останува на функцијата која ја извршува и негова смена, не е најавена, и покрај барањата на т.н. „огнена група“ од скопското крило.


„Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој не гласал. Сите достигнувања на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година“, вели Груби.

Тој е дециден и додава: „Нема раскол во ДУИ. Сите се построени позади Али Ахмети“.